24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Во изминатите 7 години станавме членка на НАТО, почнавме преговори со ЕУ, ги заштитивме граѓаните во услови на криза, ги зголемивме платите и пензиите

„Како претседател на Влада сум имал коректен однос на ниво на министри бидејќи кога водите влада вие водите извршно тело кое што носи секој ден одлуки. И сме имале соработка во рамки на законските надлежности согласно со законот за влада. На 25-ти јануари со завршувањето на мојот мандат заради законски одредби дека започнува мандат на техничка влада тој однос веќе не постои со оглед на тоа дека во владата се влезени сите политички партии согласно закон за техничка влада, таму е сега и ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса и ДУИ, СДСМ и сите други коалициони партнери така да ниту некој некому должи нешто, ниту јас му должам на ДУИ, ниту ДУИ ми должи на мене, ниту јас му должам на Али Ахмети, ниту Али Ахмети нешто на мене,“ посочи претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за 360° на МРТ 1, во врска на односите со ДУИ.

Тој се осврна на изминатите 7 години во кои се направени и многу добри работи за државата , за граѓаните. Притоа го посочи членството во НАТО, почнувањето на преговорите со ЕУ, заштитата на животниот стандард во услови на огромна криза, зголемени пензии и плати, субвенционирање на цената на електричната енергија.

„Гледајте граѓаните прво се свесни за тоа, кога јас дојдов премиер на владата Скопје немаше парно, немаше парно заради тоа што ВМРО-ДПМНЕ и нивната градоначалничка Данела Арсовска не ги интересираше дека Скопје ќе нема парно. И за тоа сведочи целата македонска јавност, на 16-ти јануари е избрана владата, на 17-ти имаше седница на влада на која што се одлучуваше и се реши проблемот со парното во Скопје. Подоцна ги зголемивме пензиите за 30% во текот на две години. Платите на просветните работници и на сите се со цел да обезбедиме одржување на животниот стандард и на крај дојде потврдата од Виенскиот институт дека само Македонија во цела Источна Европа го има зголемено животниот стандард на своите граѓани во услови на две огромни кризни години,“ истакна Ковачевски.

Тој посочи дека граѓаните тоа го знаат,но и дека е очигледно влијанието врз нивното однесување. Тој додаде дека се свесни и за кадровски грешки, владеењето на правото, корупцијата, како и дека тоа се работи кои што треба да се подобрат.

„Затоа јас при крајот на мандатот побарав и заедно со ЕУ беше направена оценска мисија во Судскиот совет и во делот на правосудниот систем и сите тие 40 мерки кои што се предложени се дел од програмата СДСМ наведени јасно и уште една мерка а тоа е спроведување на ветинг и тоа не само на судиите и обвинителите туку на сите избрани и именувани функционери во делот на потеклото на имотот,“ посочи Ковачевски.