24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Стојановски: Во политиката доминира интересот, па се забораваат непријателствата како што се гледа во случајот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Димитриевски

„На 27 април условно кажано беа на спротивни страни, Димитриевски беше во прес-центарот заедно со пратениците на СДСМ и ДУИ, а МИцкоски беше пред собранието со дел од демонстрантите. Но, соработка за локалните избори имаше меѓу ВМРО-ДПМНЕ и тогаш Алијанса за Албанците, чиј лидер помина најлошо и беше најкрваво претепан“ рече новинарот и уредник на „Фокус“ , Влатко Стојановски во утринската програма на „Слободен печат“ и „Градска.мк“.

Тој додаде дека тоа покажува дека во политиката брзо се забораваат работите, а доминира политичкот интерес за обезбедување на мнозинство и доаѓање на власт.

„Коалицијата помеѓу ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ не само што е можна, туку е и речиси извесна. Подолг период сите јавни изјави и пораки меѓу двете страни, претседателите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ одат во насока на идна соработка, која треба да финишира со коалиција“ рече Стојановски.