25. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Ковачевски до ЗНАМ: Не можете да глумите партизани и да седите во скутот на Ванчо Михајлов

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, вчеравечер на митингот во Гостивар направи одредени парадигми со времето н Народно ослободителната борба.

Ковачевски кажа дека Комунистичката партија на Македонија која е претходник на СДСМ се борела за независна Македонија, а тогашното ВМРО тогаш предводено од Ванчо Михајлов ја бојкотирало таа борба.
Ковачевски се обрати и кон членовите на политичката партија ЗНАМ.

„Ванчо Михајлов бил нивниот претседател кој бил на страна на фашистичката алијанса, а оние наши другари кои до вчера беа тука и кои се ујдисале со нив, треба да знаат дека не можат да глумат партизани, а да седат во скутот на Ванчо Михајлов“ рече Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО и ВИДЕО) Светна Телекомуникациската кула веднаш до Милениумскиот крст – повисока е од него, а ќе има и ресторан кој ќе врти 360 степени за 1 час

ДЕСК

Температурите повторно одат нагоре: Синоптичарите објавија временска прогноза – пеколно жешко и до 37°C

ДЕСК

Работник – српски државјанин повреден при градежни активности во Гевгелија

ДЕСК