24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Спасовски: Наш приоритет останува-нула толеранција за корупцијата, затоа што секој кој што се огрешил мора да одговара

„Корупцијата ја демаскиравме, отвораме истраги, бараме одговорност од сторителите, бесправно стекнатото го враќаме на граѓаните,“ пишува во објавата на ФБ, Оливер Спасовски.

Спасовски ја наведува борбата против корупцијата и нула толеранција кон истата, како еден од приоритетите на СДСМ во наредниот период.

„Борбата ја започнавме. И тоа од нашите редови! СДСМ го покажа она што не можеше ни да се замисли во време на режимот – дека нема повластени личности, нема заштитени криминалци, нема недопирливи фамилии… Покажавме дека тој што се огрешил мора да одговара. Корупцијата не е поголема од претходно, напротив! Поголема е перцепцијата за неа, бидејќи пожестока е борбата против неа,“ стои во објавата на ФБ.

Тој посочува дека доказ за посветената работа во борбата со корупцијата е скокот од 85 на 76 место на Индексот на перцепција на корупцијата на Transparency International.