24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

СДСМ најави: Укинување на партиципацијата во здравството и поголеми плати до 180.000 денари за докторите специјалисти

Соопштение на СДСМ:
СДСМ, во новиот мандат, за првпат воведува целосно укинување на партиципацијата во здравството.

Со точно предвидени мерки се укинува партиципацијата од 20% во здравството.

Истовремено се обезбедуваат повисоки плати за медицинскиот персонал.

Докторите специјалисти ќе имаат плати до 180.000 денари, општите доктори 120.000 денари, а медицинските сестри до 90.000 денари.

СДСМ води сметка за сите, создава услови лекарите и сестрите да останат тука и дома да си ја градат иднината.