22. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Костадиновска-Стојчевска: Исполнето ветувањето – платите на културните работници од денес покачени за 12 отсто

„Како што ветив, платите на културните работници од денеска се покачени за 12%. Оваа Влада предводена од СДСМ се грижи подеднакво за сите. Од 2019 година до денес, покачувањето на платите во Секторот култура се искачи на 52%, со потпишувањето на Колективниот договор“ напиша министерката за кулутра Бисера Костадиновска-Стојчевска на социјалните мрежи.

Таа додаде дека две години се бори за повисоки плати за вработените во кулутрата и успехот од тоа не може никој да го порекне.

„Не постои ниту еден чинител кој е против повисоки плати, особено кога законот за кој оваа Влада се избори е на страната на културните работници“ напиша Костадиновска-Стојчевска.

Министерката додаде дека со покачените плати се докажа дека Синдикатот на културата манипулираше.

„Ова на СКРМ беше очигледно предизборна игранка и манипулација. Вчерашниот состанок во Министерство за финансии не беше свикан со намерата која Синдикатот на културата на Република Македонија им ја презентираше на своите членови, нути пак за некаква игра, денес се докажа тоа“ напиша Костадиновска-Стојчевска.

Можеби ќе ве интересира

Службеник од општина Шуто Оризари присвоил од општинскиот буџет 3.600.000 денари

ДЕСК

Средба Божиновска со новоименуваниот економски аташе на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија

ДЕСК

Културата е во најлоша состојба досега, тоа е резултатот на Љутков и ВМРО-ДПМНЕ

ДЕСК