16. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Изречена казна доживотен затвор за убиство во Кочани

По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Кочани, а по признание на вина, Основниот суд во Кочани донесе осудителна пресуда за едно лице за кривично дело – Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп начин, при што за сторителот е изречена казна – доживотен затвор.

-Обвинетиот, на 25.09.2023 година на свиреп начин лиши од живот жена, нанесувајќи и многубројни убоди со нож.

Во обвинението, Основното јавно обвинителство Кочани го товареше обвинетиот и за кривично дело – Уцена кон истата оштетена, сторено пред убиството. Меѓутоа тоа дело обвинетиот не го призна, постапката е раздвоена и за тој дел од обвинението ќе продолжи судска постапка, соопшти Обвинителството.

Можеби ќе ве интересира

АХВ се вклучи во одбележувањето на 16 октомври Светски ден на храната

ДЕСК

СВР Битола со АПЕЛ до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД – Објавено метео предупредување

ДЕСК