25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.БИЗНИС

Претставен Советодавниот Одбор на Корпорациjата АTS GROUP и одржан првиот состанок

АТС ГРУП со гордост го претстави својот советодавен одбор сочинет од истакнати членови, докажани професионалци во светски рамки. Дел од членовите на одборот ги граделе своите престижни кариери како носители на високи економскии и политички државни функции, а
друг дел се високо одликувани во армиите на нивните респективни земји. Секој
член на одборот носи карактеристичен сет на знаења и вештини, кои јасно може
да се воочат од нивните богати биографии.

Целта на советодавниот одбор е да ја советува корпорацијата АТС на чело со извршниот директор г-дин Демировски за стратешките чекори преку профилирање на високо стручни и кредибилни препораки за безбедносен менаџмент, но и интенцијата за промоција на Република Северна
Македонија на светската безбедносна сцена. Со формирањето на советодавниот
одбор корпорацијата АТС е поблиску до остварување на својата цел да биде најголем
глобален производител до 2030 година. Одборот својот прв советодавен состанок го
одржа на 15 Април 2024 година, со присуство на сите 5 члена во следниов состав:

Генерал Џејмс Л. Џонс – Претседател на одборот

Поранешен припадник на маринскиот корпус на Соединетите Американски Држави,
Генерал со 4 ѕвезди и консултант во Белата куќа. Господинот Џонс и понатаму е
вклучен во прашањата за националната безбедност и надворешната политика на
САД. Со длабоко разбирање на одбраната и националната безбедност, има клучна
улога во водењето на корпорацијата кон дефинираниот стратешки успех.

Марк Причард – Потпретседател на одборот
Еминентен политичар и адвокат, поранешен пратеник во британскиот парламент, се
вклучува во бордот со голема експертиза во јавните политики и управувачкиот
менаџмент. Г-дин Причард поседува длабоко разбирање на регулативите и ја
советува корпорацијата АТС за правните прашања и прашањата поврзани со
усогласеноста на светските регулативи и практики.

Џон Де Вито – Член на одборот

Во моментов е задолжен како специјален агент за ATF – Агенција за спроведување
на законот во Њујорк, тој ги надгледува операциите на целата територија на САД.
Генерал Мајкл Д. Барберо – Член на одборот

Високо одликуван пензиониран генерал-полковник на американската армија, со
голема експертиза во воената стратегија.

Генерал Сер Ричард Барронс – Член на одборот

Високо одликуван пензиониран офицер на британската армија, со големо знаење и
искуство во антиципирање и решавање на сложени геополитички прашања.

Сопственикот и извршен директор на групацијата АТС, г-дин Демировски се
заблагодари за укажаната чест и членувањето на високите претставници и глобално
влијателните личности и истакна дека формирањето на одборот го акцелерира
успехот, го зголемува влијанието, но и одговорноста, а во исто време придонесува
за значително унапредување на стратешката позиција и промоција на Северна
Македонија, држава во која се произведуваат производи со меѓународно признат
квалитет, наменети за светскиот пазар.

АТС ГРУП е едниствен производител со сопствени автентични капацитети во три
фабрики наменети за одбранбената индустрија, со повеќе од 500 вработени, а во таа
насока најавува брзо отворање на четврта фабрика за производство на технички
текстил како составен дел од сите композитни производи.

Г-дин Демировски нагласи дека без исклучок, сите погони функционираат исклучиво
почитувајќи ги највисоките НАТО производствени стандарди и само на таков начин
се произведува широкиот асортиман на производи со глобално признат квалитет, за
што сведочат бројните достигнувања и награди. АТС ГРУП произведува композитни
производи за балистичка заштита наменети за војска и полиција. Покрај тоа,
произведува и муниција, како и производствена линија за креирање на целовит
склоп на машини за производство на муниција, со што од година во година го
зголемува својот извозен потенцијал и ја исполнува својата мисија.
АТС ГРУП не престанува да се развива, да расте и да создава додадена вредност
за индустријата во која веќе е етаблиран докажан партнер. Со своите визии за
стратешки државни одбранбени капацитети и практични активности влијае на
позиционирањерто на Северна Македонија како сериозен чинител во одбранбена
индустрија во светски рамки.