24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Филипче: Јас и СДСМ обезбедивме месечен надомест од една просечна плата и платено здравствено осигурување за приватните специјализанти

За разлика од политикантството на Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ, јас како министер и СДСМ обезбедивме уште во 2018 приватните специјализанти да добијат месечен надомест во висина на просечна плата, платени дежурства како и платено здравствено осигурување.

Ова го пишува поранешниот министер за здравство, Венко Филипче, како реакција на изјавата на Гордана Силјановска Давкова за приватните специјализанти.

Филипче додава дека ВМРО-ДПМНЕ не направила ништо за приватните специјализанти.

„Да ја потсетам кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Силјановска дека нејзината партија 11 години од приватните специјализанти правеше социјални случаи. Тоа не го кажувам јас тоа се зборови на моите млади колеги. Силјановска изгледа не знае дека ВМРО-ДПМНЕ трудот на приватните специјализанти го вреднуваше 0 денари. Со букви НУЛА денари. Таа како пратеник во последниот парламентарен состав можеше, исто така, да иницира измени во законот. Ама тогаш веројатно немала ни слушнато за оваа категорија здравствени работници, а сега во кампањата се обидува на нивни грб да прави политички поени“ реагира Филипче на социјалните мрежи.