15. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестЛОКАЛНО

Герасимовски: Бесплатни билети за учениците од Центар преку Меморандумот за соработката со НУ „Театар за деца и младинци“

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски потпиша Меморандум за соработка со Националната установа „Театар за деца и младинци“ – Скопје со кој се проширува и зајакнува соработката во полето на културата и уметноста. Со овој Меморандум им се овозможува на децата и младите во Општина Центар, ученици во училиштата и градинките на подрачјето на Општина Центар, организирани посети на претстави реализирани од НУ Театар за деца и младинци – Скопје, користење на просториите на НУ Театар за деца и младинци – Скопје, за потребите на Општина Центар и консултации и соработка со вработените во Театарот за деца и младинци – Скопје, за потребите на децата во училиштата и градинките на територијата на Општина Центар, во областа на културата и уметноста.

„Првите бесплатни билети во рамки на овој Меморандум се за посета на претставата „Како ќе го делиме мачорот“ за прво, второ и третонаградените учениците и наставници ментори од ООУ „11 Октомври“, „Киро Глигоров“ и „Коле Неделковски“ кои учествуваа во изведбите и подготовките на театарските претстави кои се одржаа минатиот месец, како и за учениците кои освоија награди на претставите за најдобра женска и машка улога од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ со менторот и од ООУ „Киро Глигоров“. Посетувањето на театарот и негувањето на културата и уметноста на децата уште во раната возраст носи висок степен на социјализација, креативност и самодоверба кај децата и учениците. Тоа е нов начин на културно изразување, нов креативен поглед на животот и високи амбиции за успех. И навистина ме радува што токму овие вредности ги обезбедуваме за нашите деца, ученици и млади“, изјави Герасимовски во НУ Театар за деца и младинци.

Главната цел на овој Меморандум е унапредување на мерките за општествена одговорност и хуманиот развој кај децата, развивање на општествена одговорност, солидарност и хуманост кај населението и децата, како и развивање на културата и уметноста. Соработката ќе вклучува заедничка работа на проекти во областа на културата и уметноста преку кои се развива филантропијата, општествената одговорност, хуманоста и емпатијата кај населението, културата и уметноста, а во исто време се работи на подобрување на квалитетот на живеење на децата и младите во Општината Центар.

Можеби ќе ве интересира

Реконструкција на улица „2“ во населба Илинден

ДЕСК

Град Скопје во рамки на постапката за изработка на новиот Генерален урбанистички план ГУП 2022–2032 година организира Јавна дискусија со цел вклучување на граѓаните во процесот на планирање и уредување на просторот

ДЕСК

Герасимовски: Спортот ја развива кондицијата, дисциплината и спортскиот дух, децата спортуваа со Кокан Ајановски

ДЕСК