Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Маричиќ и европратеникот Шидер му се поклонија на Делчев во црквата Свети Спас – македонскиот идентитет важен сегмент од европскиот мозаик

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ и австрискиот европратеник Андреас Шидер денес се поклонија пред гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас во Скопје.

Вицепремиерот Маричиќ истакна дека нашите европски партнери и пријатели ги ценат македонскиот идентитет и македонската традиција, а со пристапувањето во ЕУ овие вредности уште повеќе добиваат внимание и начин како да се заштитат и негуваат.

„Македонскиот идентитет е важен сегмент во мозаикот на европското семејство. Обединувањето и почитта кон различните традиции и обичаи се основни вредности во Унијата, каде што ние припаѓаме“ напиша Маричиќ на социјалните мрежи.

Можеби ќе ве интересира

ТРН признанија за храбрите и упорните гласови во 2025

ДЕСК

Временска слика што ретко се гледа во декември – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Објавил фотографија на социјалните мрежи – полицијата му затропа на врата оти промовирал и поттикнувал омраза и насилство

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.