„99та година нашата влада го потпиша договорот за пријателство со Бугарија, без никакви обврски спрема двете страни. Тогаш требаше да се развиваат работите на пријателска основа. Меѓутоа, дојде смена, дојде СДСМ, па ВМРО-ДПМНЕ. Продолжуваше ВМРО-ДПМНЕ, не постигна никаков успех во тие преговори. Преговорите беа и со Бугарија и со Грција. Да не заборавиме дека ДПМНЕ и со Грција не направи ништо во тој дел, а имаше голема шанса, 11 години. Сега СДСМ со европската идеја да направи чекор напред за Македонија и приближување на кон Европската Унија, ДПМНЕ пак стопира и сега се доведуваме до ситуација да кажуваат „ајде, ние сега ќе преговараме“. Треба да се запрашаат самите во ВМРО-ДПМНЕ за што ќе преговараат. Преговорите во тој дел се веќе завршени. Ние со францускиот предлог, договорот што го потпишаа Заев и Борисов за добрососедски односи. Потоа дојде европскиот предлог, ЕУ го прифати и ние го прифативме, на каков начин да се движиме по патот со поглавјата на ЕУ“,изјави Љупчо Балкоски, пратеник од ВМРО-НП, на интервју на Слободен печат.
Тој додаде дека сега кога треба да се започнат првите две поглавја ДПМНЕ сака да се врати назад и да ги почне одново преговорите што веќе се завршени.
„Ние сега треба само да ги усвоиме уставните измени и да ги продолжиме преговорите. Сето ова што го кажува ВМРО-ДПМНЕ треба на некој начин сами да се преиспитаат дали навистина ова што го кажуваат сакаат да го постигнат, или сакаат да постигнат застој на Македонија“, заклучи Балкоски.