„ВМРО Народна партија остана доследна и секогаш ја промовира идејата за ЕУ, дека тоа е патот по кој Македонија треба да се движи. Тоа беше пред 25-30 години, така е и сега, затоа што опцијата што ја нуди Европската Унија е првенствено добра за Македонија. Сегашната ВМРО-НП ја продолжува таа идеја“, изјави Љупчо Балкоски, пратеник од ВМРО-НП, на интервју на Слободен печат.
Тој додаде дека партијата ВМРО-НП е во коалиција со СДСМ уште од 2012 година. Она што е карактеристично за оваа коалиција е тоа што двете партии имаат различни идеологии. Она што ги спојува се заедничките идеи околу ЕУ и НАТО.
„Се надевам дека вакви коалиции со различни идеологии, а со иста цел, треба Македонија да ја придвижат напред. Ова е добар пример како во иднина треба коалициите да бидат. Не идеолошки коалиции или коалиции од интерес, туку коалиции со иста цел“, потенцираше Балкоски.
Во однос на сегашното ВМРО-ДПМНЕ, тој истакна дека не може да каже дека се за влез во ЕУ.
„Тие во ниеден момент не кажаа дека за ЕУ. ВМРО-ДПМНЕ ја закочуваат идејата Република Северна Македонија да влезе во Европската Унија“, заклучи Балкоски.