На 11.04.2024 околу 03.00 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Д.(18) од Кавадарци, со живеалиште во Скопје. Тој бил затекнат при обид да изврши „тешка кражба“ во филијала на банка на подрачјето на општина Аеродром, соопшти МВР.
Лицето било задржано во Полициската станица Аеродром и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.