Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Апсење новинари, лажни анкети, лажни вести, со ДПМНЕ е можно само враќање назад

-Нема никаква промена во ДПМНЕ, тоа е истата режимска партија од минатото, со која е можно само враќање назад, соопшти СДСМ.

„ДПМНЕ за само два месеци на чело на МВР јасно покажа дека има намера да владее со сила, доколку ја добие власта.

ДПМНЕ го врати ВМРО-МВРО, апси новинари во обид за замолчување и заплашување откако беше објавена афера за нарачани анкети и лажни вести.

Нервозата во Белата палата на почеток на кампањата се манифестира, не само со примена на сила и обид за замолчување и заплашување новинари, туку и со лажни нарачани анкети и дебати, лажни вести.

Пропагандата, злоупотребите на медиумите, пласирање лажни вести и нарачани анкети за манипулирање на граѓаните се добро познатите методи на Никола Груевски, кои сега ги спроведува Христијан Мицкоски.

Со ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа.

Тоа може да го спречат граѓаните, на изборите, со глас за членство во ЕУ, за слобода и демократија, за Коалицијата за европска иднина и глас за Стево Пендаровски.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Голем е интересот за вакцинацијата против сезонскиот грип, од Здравство велат пријавени се повеќе од 70.000 граѓани

C +

Утре наутро претежно ведро и студено, преку денот сончево

C +

Касами: Тетово ја заслужува оваа трансформација – продолжуваме уште посилно со Второто поглавје за развој

C +