13. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Стојковски: Креирањето на лажните наративи стана се повеќе дел од политичката борба

„Живееме во време во кое постојано сме изложени на лажни вести, дезинформации, спинови, пропаганда и слично. Овој пристап во политиката, во нашава држава го земаа некои политички партии и политичари,“ изјави за „Локално“, Андреја Стојковски, извршен директор на Преспа институтот.

Тој како пример ги посочува приказните за „Тиранската платформа“, но и за „бегалците од Авганистан“, како и безброј ситни лажни наративи пуштани во јавноста со цел влијание врз и насочување на јавното мислење.

„Креирањето на лажните наративи стана се повеќе дел од политичката борба, а колку им помага на оние кои ги споделуваат лажните вести, не може никој со сигурност да тврди, но имајќи го предвид избраниот пристап и упорноста во неговата примена, очигледно помага, без оглед колку, вели Стојковски за разговор за „Локално“.

Соговорникот ја опишува ситуацијата во земјата во однос на изборите и гласањето.

„Во Северна Македонија граѓаните гласаат за политичка партија, за или против. Повеќе или почесто гласаат ЗА ВМРО-ДПМНЕ и ПРОТИВ СДСМ. Дури и во 2016 година, кога „царот беше гол“ гласачите гласаа за ВМРО-ДПМНЕ. Сега, во услови кога Владата има многу помала контрола врз медиумскиот простор, кога лажниот наратив излегува насочено и речиси постојано од истите центри, овој пристап, или комбинирањето на активностите се прави за да се електризира сопственото гласачко тело, да се демотивираат неопределените и да се обесхрабрат противниците,“ наведува Стојковски.

Можеби ќе ве интересира

Шукова: Да се формира стручен штаб за Дрисла од експерти, чадот е закана за целиот град

C +

Извршниот одбор на СДСМ утврди уште нови 4 кандидати за градоначалници

C +

Филипче до Мицкоски: Зошто не дозволувате декласификација за случајот со АНБ, јавниот интерес треба да е пред сè?

C +