На изборната Конвенција на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски порача дека Пендаровски е прогрсивен претседател кој покажал лидерство и затоа тој денеска има широка поддршка.
„Вечерва со нас се нашите коалициски партнери кои ги споделуваат вредностите за економски напредок, слобода, правда, солидарност и еднаквост. Сите тие застануваат и зад кандидатурата на Пендаровски, бидејќи знаат дека го имаме најдобриот кандидат за претседател.
Ковачевски ги повика граѓаните, прво на 24 април, а потоа и на 8 мај да дадат поддршка за Стево Пендаровски.
„Вечерва, тука од Скопје, ве повикувам сите да го поддржиме нашиот претседател Стево во првиот круг на 24 април и да покажеме дека Македонија сака лидер кој верува во европските вредности и во прогресивната иднина. А на 8-ми мај да ја прогласиме конечната победа за европска Македонија победата на Стево Пендаровски, нашиот претседател, и победата на Коалицијата за европска иднина. Единствениот пат кој води од тука е до победа! Одиме на победа! Нема застанување додека не ја направиме Македонија дел од Европа. Нема откажување додека Европа не ја донесеме во Македонија! Нема откажување од иднината“ порача Ковачевски.