25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Битиќи: Во време на криза, не можете да планирате развој, туку менаџирање со неа, ние ги враќавме парите кај граѓаните и стопанството

„Справувањето со кризи мора да има одредена цена. Во криза не можете да планирате развој туку се обидувате да менаџирате со криза. Почнувајќи од 2020 па, до ден денеска ние во 4 години менаџираме кризи за да обезбедиме ликвидност во стопанство, за да зачуваме работни места, за да го зачуваме семејниот буџет за да има приватна потрошувачка затоа што системските работи кои што требале да бидат претходно направени, а тоа е да се смени нашата економска структура, стуктурата на бруто домашниот производ никој не го правел. За 26 години јас сум бил и на другата страна и истите коментари сум ги давал кога сум бил на страната на бизнисот дека конечно е ред нашата држава да и се смени структурата на нашата економија,“ рече Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на парламентарната листа на СДСМ во ИЕ 2, во Вин Вин на ТВ Телма.

Тој посочи дека, не може 2/3 од бруто домашниот производ да зависи од приватната потрошувачка затоа што во суштина тоа кажува колку сме ранливи.

„Но, има и една суштинска работа околу задолжувањето. Таа се мери од релативен аспект. Колкав е процентот на задолжувањето во овие 4 години наспроти задолжувањето во еден друг одреден временски период и како ова задолжување за што се користело. Целото задолжување, ова јавно го кажувам, ги гледам граѓаните во очи, да, сме се задолжиле затоа што парите ги имаме вратено кај граѓаните, затоа што сметаме дека не може никој да биде изоставен од целиот овој период на криза. Мора да бидат вратени. Преку антикризните мерки 2,6 милјарди евра се вратени кај стопанството и кај граѓаните. Кога беше најтешко граѓаните добиваа помош, ние имаме спасено 80 000 работни места. Ние не потрошивме ниту еден денар за баротни фасади, за жални врби, за споменици,“рече Битиќи.