23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Петковски: Нови пукања и престрелки, ДПМНЕ ја влошува безбедноста на граѓаните

Интегрален текст од денешната прес-конференција, Петар Петковски, потпретседател на СДММ

Секогаш кога ДПМНЕ е на чело на МВР се влошува безбедносната состојба во Македонија.

Вчерашниот обид за убиство на градоначалник, со пукање, во кое се ранети две лица е последниот случај.

Во само два месеци откако ДПМНЕ и Тошковски го водат МВР, се случи свирепо убиство на младо момче, убиства и пресметки на криминални групи, убиство на доктор, опожарени возила во Прилеп.

Нема промени во ДПМНЕ.

Како и за време на 11 годишното владеење на ДПМНЕ кога цветаше криминалот и корупцијата, кога имаше секојдневни тепачки во градските автобуси и кога МВР беше МВРО ставено во целосна услуга на Белата палата.

Оддалечување од европскиот пат ќе значи нова неизвесност и несигурност.

А граѓаните не сакаат неизвесност и несигурност, сакаат безбедни улици, сигурност и стабилност.

Тоа е можно само со СДСМ и со полноправно членство во ЕУ.

Затоа, глас за СДСМ и Коалициајата за европска иднина е глас за сигурност, безбедност и стабилност.