19. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Европскиот фронт се проширува и со Бошњачката Демократска Унија

Претседателот на Демократската унија за интеграција, г-дин Али Ахмети и претседателот на Бошњачкиот Демократски Сојуз, г-дин Мунир Колашинац денес се договорија кон победничкиот Европски фронт да се приклучи и бошњачката заедница, соопшти ДУИ.

„Така, Колашинац ќе биде дел од изборната листа на Европскиот фронт за пратеници во 1-та изборна единица.

Пред неколку дена, Европскиот фронт инициран од Демократската унија за интеграција и претседателот Али Ахмети потпишаа договор за коалиција со Албанската демократска партија на Мендух Тачи, Алијансата за Албанците на Зиадин Села, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, Европската демократска партија на Арјанит Хоџа, Турската демократска партија на Бејџан Иљас, Сојузот на Ромите на Фатима Османовска, Движењето на македонските Турци за правда и демократија претставено од Сулејман Баки.

Европскиот фронт едногласно ја поддржува заедничката кандидатура за претседател на кандидатот Бујар Османи, до вчера шефовите на сите политички партии дел од Европскиот фронт потпишаа заедничка изјава и се построија зад неговите 10 заложби во улога на претседател на државата.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Сите гласови од немоќните, болните и затворениците се запечатени во посебни коверти и гласачка кутија, истата се отпечатува дури во недела во 19 часот кога ќе бидат затворени гласачките места низ Републиката

ДЕСК

Утре се слави Светиот апостол Тома

ДЕСК

Закани кон членови на Избирачки одбори и вработени од кандидат за градоначалник – обвинува политичка партија

ДЕСК