Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Трајчевски: Не треба да се менува ликот на ГТЦ

„Во далечната 94та е направена галеријата на Киро Урдин. Годините си го направија своето. Почна да се распаѓа тој објект и како управа решивме малку да го реновираме. Пропуст на управата е што требаше да го затвориме просторот за да кога се направи да го отвориме целосно. Сега е половично направен. Во моментот работат архитекти на усогласување на објектот на местото на старата галерија на Урдин со архитектурата на ГТЦ“ рече во интервју за Слободен печат Ѓоко Трајчевски директор на ГТЦ.

Тој додаде дека овој објект нема да има модерен стил туку дека ќе биде во склоп на постоечката архитектура на ГТЦ.

„Не треба да се менува ликот на ГТЦ. Ликот треба да си остане ист каков што е во моментот. Само треба да се реновира, бидејќи се работи за отворен објект, атмосферските влијанија си го прават своето. Скршените плочки, издигнат мермер се резултат на атмосферските влијанија“, заклучи Трајчевски.

Можеби ќе ве интересира

На денот кога Кошта го потврди СДСМ – Мицкоски го апси Богоев, вели СДСМ

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Реципроцитет и исполнување на обврските на Бугарија а не нови отстапки, услови и национални понижувања како што нуди СДС и Филипче

ДЕСК

Пред невреме проверете го ова: Кров, олуци, автомобили, дворови и електрични уреди

ДЕСК