25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Трајчевски: Со проектот за фотоволтаици на ГТЦ ќе се намалат трошоците

„Сите средства што влегуваат на сметката на ГТЦ се од сопствени средства, од гаражата, од закупот, од тековното одржување на објектот, разни настани. Од Буџетот немаме средства.Имаме еден проект којшто треба да го споменеме. Се однесува на петта фасада горе, да поставиме фотоволтаици на кровот. Едниот проект е за реконструкција на кровот. Од далечната 73та година нотиран било дека кровот бил проблематичен бидејќи на ова поднебје не поминуваат рамни кровови поради атмосферските влијанија во нашата земја. Со проектот за фотоволтаици ќе се намалат трошоците“. рече во интервју за Слободен печат Ѓоко Трајчевски директор на ГТЦ.

Тој додаде дека целиот проект односно фотонапонската централа е проектиран на еден мегават. Тоа е големо производство на струја.

„Летно време кога се палат чилерите, и двата чилера трошат околу еден мегават. Со самото поставување на фотоволтаиците заштедуваме многу енергија. Прво ќе се реконструира кровот, бидејќи е најголем проблем за ГТЦ“, потенцираше Трајчевски.
Тој додаде дека аплицирале до владата за средства и дека добиле позитивни сигнали.