25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Чупеска: Мнозинството е за ЕУ, а ВМРО-ДПМНЕ нема ниту капацитет ниту план за европска иднина

Прво, факт е дека и покрај извесното незадоволство од ЕУ ( без да навлегуваме во пуритански расправи за неа), сепак, огромното мнозинство или ¾ од граѓаните се со многу јасна поддршка ЗА членство на МКД во ЕУ, пишува професорката Ана Чупеска во нејзината најнова колумна.

„Значи, концептот за иднината на земјава е со висока резонанца спрема ЕУ, а воедно ова е и тема на која мнозинството граѓани се обединети. Зошто, затоа што посигурно #натаму, и имаат онтолошки тенденција да се гнездат во европско гнездо“ пишува таа.

Во својата колумна Чупеска потсетува дека ВМРО-ДПМНЕ била партијата која организирала насилни протести против Францускиот предлог и дека таа партија нема план, ниту капацитет да ја внесе државата во ЕУ.

„Но, исто така, немил факт е дека тврдолинијашите во ВМРО-ДПМНЕ кој му тријат сол на глава на Мицко ( со врховистичко-фашистичките , и лукративни твистови) немаат ама баш никаков план за ЕУ; ниту пак сакаат да го оствариме овој национален и со вредносно обединувачки капацитет. Напротив, сЕ направија за да ја дискредитираат, ЕУ, и особено, предлог преговарачка рамка. Дотолку повеќе, што, организираа насилство кога предлогот беше објавен! Сега истите тие верглаат и ветуваат помилување и за 27ми Април. Која дрскост , човече боже ?! Оттука, ќе запрашам: дали тоа помилување станува услов за прифаќање на прговарачката рамка, односно, е услов да се откочат евроинтеграциите? Ова мора јасно да биде кажано!
Поточно, дали спасот на кожите за едно такво насилство врз уставниот поредок можно е да стане услов за ЕУ? Ми се чини дека токму ова ќе биде жешка тема после изборите, а можеби и по некои ќошиња веќе е обработена. Со ова пред нас, треба да сме спремни дека кон оваа идеја лесно ќе се налепат и други “жешки барања” и од други некои субјекти. Ќе причекаме, па ќе сведочиме“ пишува Чупеска.