18. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Тренчевска: Минималната пензија ќе биде 20 илјади денари, додека просечната 30 со усогласувања секој јануари и јуни

„Продолжуваме да се грижиме за тие што се грижеа за нас! За нашите сограѓани пензионери. Се обврзуваме за минимална пензија од 20.000 денари. Просечната пензија од 30 000 денари. Усогласување на пензиите секој Јануари и Јуни“ рече дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика и коносителка на ИЕ4, Јованка Тренчевска на промоцијата на програмата на СДСМ, „Програма за европска иднина“.

Таа додаде дека ќе се воведе и новогодишен пакет за секој пензионер во висина од 6000 денари, но кажа и дека ќе се изградат најмалку 12 нови домови за стари лица.

„Како што се грижиме за нашите највозрасни сограѓани, така продолжуваме со грижата за нашето најголемо богатство-децата. Продолжуваме со отворање на нови градинки и се обврзуваме да го зголемиме опфатот на децата во градинки 70 отсто. Сите сме еднакви, затоа ќе обезбедиме инклузивно игралиште и сензорна соба во секоја градинка, во секоја општина“ рече Тренчевска.

Таа додаде дека ќе има и бесплатни логопетски и дефектолошки третмани за секое дете.