25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.БИЗНИС

Просечна плата од 1.100 а по влезот на Македонија во ЕУ, 1.300 евра, најавува Битиќи

Потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи во интервју за Слободен печат истакна дека СДСМ во новата програма предвидува просечна плата од 1.100 евра до крајот на 2028 година и дека според него тоа е сосем остварливо.

„Велиме дека просечната плата во државата во 2028 година ќе биде 1.100 евра и тоа се истите анализи и метрики кои ги прававме во 2020 кога ја правевме програмата на СДСМ каде што велевме дека просечната плата во 2024 година ќе биде 34.000 денари. Денеска на се уште незавршена 2024 година, ние стигнавме до просечна плата од 40.000 денари,. И сега велиме во 2028 просечна плата од 1.100 евра, во првата година од нашиот влез во ЕУ, просечна плата од 1.300 евра. Тоа е она што секој еден граѓанин заслужува да го добие“ порача Биитќи.

Тој истакна дека има очигледна разлика во растот на платите во седумте години од владеењето на СДСМ и седум години од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

„Јас правев анализи каков е растот на платите во јавниот сектор во време на наше владеење и какво било во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ, каде го земав периодот од седум години во време на СДСМ и седум години вон време на ВМРО-ДПМНЕ. Во јавниот сектор во времето на ВМРО-ДПМНЕ имаме просечно зголемување на платите од 20%, во времето на СДСМ, 64% просечно зголемување на платите во јавниот сектор.еве што се случува во приватниот сектор. Во туризмот во периодот 2017-2024 сместување, угостиелство и платите се пораснати за 76% во ИКТ платите се пораснати за 91% , во финансиски услуги 32%. Во научни и технички дејсности, раст од 52%, во градежништво за 72% зголемени плати во нашиот мандат. Да се вратиме назад, во времето на ВМРО-ДПМНЕ за ист период од седум години, тоа е просечно 23%“ рече Битиќи.