23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Платформата се само нови лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје

-Платформата на ДПМНЕ се само нови лажни ветувања, по примерот на Скопје, велат од СДСМ.

„ДПМНЕ ги изневери граѓаните на Скопје, ништо од ветеното не реализираше, а сега излегува со нови лажни ветувања.

Наместо модерен град, Скопје денеска е запустен град, полн со нечистотија, со хаос во јавниот превоз, јавни претпријатија во долгови.

Ги нема новите 250 автобуси, нема бесплатен јавен превоз, нема нови паркови.

Промовираната Платформа 1198 на ДПМНЕ е токму тоа, нови лажни ветувања.

Се потврди дека ДПМНЕ нема план за иднината и дека оваа партија не може да донесе никаква промена.

Со ДПМНЕ е можно само враќање назад.

Изборот пред граѓаните на претстојните избори ќе биде помеѓу надеж и просперитетна европска иднина со СДСМ и безнадежност и враќање 10 години назад со ДПМНЕ.“ – се вели во соопштението.