23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Рамадани за „Реално“ вели дека за претседателските избори не очекува валкана кампања, но очекува кампањата да ги соголи политичките партии

На прашањето каква кампања може да се очекува, Рамадани вели дека за претседателските избори не очекува валкана кампња, но генерално очекува како што вели, кампањата да ги соголи политичките партии.

„Во однос на анкетите што ги гледаме, кампањата може да промени нешто, затоа што во време на кампањата сите кандидати и политички партии се отвораат, не можат да се кријат, да бидат конспиративни кои ќе бидат нивните програмски определби, кои програмски концпети, која опција и ако се откријат до крај значи тогаш мислам дека многу полесно граѓаните односно гласачите би се определиле за која политичка партија односно за која политичка и геополитичка опција би се одлучиле“ посочи политичкиот аналитичар Исмет Рамадани во интервју за „Реално“ со Мишко Иванов.