Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Рамадани за „Реално“: Едната опција е повеќе тврда во однос на она што е европска интеграција

Осврнувајќи се на претстојните парламентарни и претседателски избори, политичкиот аналитичар Исмет Рамадани во интервју за „Реално“ со Мишко Иванов истакна дека на изборите, особено на претседателските, јасни се опциите и понудите.

„Едната опција е повеќе тврда во однос на она што е европска интеграција. Тука би ги ставил господинот Пендаровски, актуелен претседател, Бујар Османи и Арбен Таравари. Другите, мислам дека имаат не со нијанси, туку очигледно јасни концепти кои се судираат со евроатлантските интеграции и евроатлантските вредности. Од друга страна, кандидатите кои се веќе градоначалници, нивниот вектор на однесување и влијание е лимитиран, затоа што немаат перформаси што се компатибилни со ингеренциите на институцијата претседател на државата“ посочи Рамадани, додавајќи дека тие ингеренции најмногу ги исполнуваат Пендаровски и Османи.

Можеби ќе ве интересира

Таблетарната онколошка терапија од 4 август ќе може да се подигнува директно во аптеките

C +

Измени на Законот за полиција, кој ќе биде подобен ќе може да стане началник и веднаш откако ќе се вработи во полиција

C +

Со зголемување на старосната граница за вработување, Тошковски сака да го врати МВРО-ВМРО, алармира СДСМ

C +