22. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

ДПМНЕ ги изневери скопјани со лажните ветувања, сега само штанцаат нови, велат од СДСМ

-ДПМНЕ ги изневери скопјани со лажните ветувања, сега наместо програма, само штанцаат нови, немаат што да им понудат на граѓаните, соопшти СДСМ.

„Скопјани и граѓаните на 40-тина општини под капата на ДПМНЕ се уверија во лажните ветувања и изневерените очекувања од ДПМНЕ.

ДПМНЕ ветуваа модерни општини, бесплатен превоз, еко автобуси, капитални проекти, спортски сали, паркови, школи, улици, водоводи, а не реализираа ништо.

Го запустија Скопје, создадоа хаос со јавниот превоз, ги турнаа јавните претпријатија во долгови, заборавија на граѓаните, а рацете ги заглавија во медот.

Во Скопје го нема ветениот бесплатен јавен превоз, нема нови 250 автобуси, нема нови паркови.

Така е и овој пат со новите лажни ветувања.

Ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е истата партија која не може да донесе никаква промена.

Со ДПМНЕ е можно само враќање назад.

Изборот пред граѓаните на претстојните избори ќе биде помеѓу надеж и просперитетна европска иднина со СДСМ и безнадежност и враќање 10 години назад со ДПМНЕ.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Ужас ја потресе Македонија: Млад скопјанец е е уапсен по сомнение за сторено кривично дело „Производство и дистрибуција на детска порнографија“

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме?

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК