Со овации и пораки за борба до последниот ден од кампањата беа поздравени изборните листи за пратеници на СДСМ на партискиот конгрес синоќа. Со суштинска дискусија, но и пораки за збивање на редовите, демонстрирано заедништво и одлучност за борба сите членови, функционери и симпатизери застанаа позади партијата.
Носителите и коносителите на изборните листи добија силни овации и поддршка од сите делегати, но најсилни беа овациите за претседателот Димитар Ковачевски и ексминистерот за здравство, Венко Филипче, што само покажува дека во СДСМ нема некакви табори и фракции, туку сите работат со единствена цел.
Спиновите за некакви расколи и незадоволства веднаш беа демантирани, токму од прозваните членови, Дарко Каевски и Стефан Богоев, кои истакнаа дека тие се тука за партијата. И двајцата потврдија дека не го напуштиле Конгресот и најавија дека СДСМ оди на победа.
Богоев на социјалните мрежи напиша дека тој бил во СДСМ и за време на режимот на ДПМНЕ, кога било најтешко, па останува и сега и во иднина.
Исто како и на претходните избори, листите на СДСМ се родово балансирани и водат сметка за претставувањето на младите. Половина од предложените кандидати за пратеници се жени.
Поддршка за изборните листи на СДСМ и коалицијата, освен 12те носители и коносители дадоа и тие кои се наоѓаат подолу на листите, но повикуваат на силна борба до последен ден во кампањата и победа на 8 мај.
Изборната листа во ИЕ1 ја предводи претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, додека коносителка е Моника Зајкова од ЛДП. Во ИЕ2, носител е Оливер Спасовски, а коносител потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи. Во „тројката“, носителка е заменик-претседателката на партијата, Сања Лукаревска, додека Љупчо Николовски е коносител. Во ИЕ4, Венко Филипче и Јованка Тренчевска ја водат листата, а во ИЕ5 носител е актуелниот претседател на Собранието, Јован Митрески, додека коносителка е министерката за труд и социјална политика Бисера Костадиновска-Стојчевска. Во ИЕ6 носителка на листата е министерката за одбрана, Славјанка Петровска, додека коносител е Агрон Демири.
Вицепремиерот Бојан Маричиќ, иако не е носител или коносител на листа, како кандидат за пратеник во ИЕ1 изрази благодарнсот до членовите и поддржувачите на СДСМ за честа и мтоивацијата да биде на листата. Тој порача дека со сето знаење, сила и моќ ќе ги водат овие избори кон победа за европска иднина на сите.
Со слична порака настапи и пратеничката Санела Шкриељ, која кажа дека нема откажување од иднианта што значи подобри можности за секое дете и младо лице без разлика каде живее.
Лисите за пратеници на СДСМ, повтрно изобилуваат со искусен кадар, кој знае како се води држава на европскиот пат, но и со млади сили кои сакаат да останат да живеат дома, но во европска држава, а не изолирани. Поради тоа, една третина од 120те предложени кандидати за пратеници се млади.