Centar.mk
-ЛОКАЛНО

Општина Центар тргна кон отстранување на диво поставени објекти, Герасимовски со порака дека нема толеранција за кршење на законите

Инспекциските служби на Општина Центар спроведоа вонредни инспекциски надзори на плоштадот „Филип Втори“ и на влезот на Старата скопска чаршија, соопштија од Општина Центар

– При контролата беше утврдено постоење на повеќе диво поставени и заградени објекти.

За истите се донесени решенија за нивно отстранување, во рок од 5 дена.

Доколку сопствениците не ги отстранат објектите во наведениот рок, Општина Центар ќе пристапи кон нивно отстранување, порачаа од Општина Центар.

Градоначалникот Горан Герасимовски истакна дека општината останува посветена на одржување на јавниот ред и достоинствениот изглед на строгиот центар на градот.

„Општина Центар нема да дозволи узурпирање на јавен простор. Ќе продолжиме со континуирани контроли за да го зачуваме редот, безбедноста и автентичниот изглед на просторот,“ посочи Герасимовски.

Можеби ќе ве интересира

Спасовски: Недозволиво е Законот за Влада да се носи спротивно на договорот меѓу партиите

ДЕСК

До 5 јуни можност за отплата на долгови кон Комунална хигиена без камата

C +

ЗАГИНАТ МАЖ ПРИ РАБОТА: Несреќа при обид да ослободи заглавена сајла – метален дел го удрил во главата, починал на лице место

ДЕСК