22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
НАУКА

(Видео) Neuralink покажа како човек го движи курсорот на глувчето на екранот со своите мисли

Стартапот на Елон Маск, Neuralink, покажа како 29-годишен неподвижен човек на кој неодамна му бил вграден првиот чип во мозокот, игра шах на интернет преку своите мисли.

Целосно парализираниот Нолад Арбог играше шах на својот лаптоп, движејќи го курсорот на глувчето со умот. Имплантот, на старт-апот на Маск, му беше вграден пред два месеци.

„Моето име е Ноланд Арбо, имам 29 години, имав нуркачка несреќа пред осум години и оттогаш сум квадриплегичар. Сакам да играм шах и тоа е една од активностите што ми ги овозможивте, нешто што не можев да го направам во изминатите неколку години, особено не вака. Порано користев глушец, но сега правам се со мојот мозок“, изјави меѓу другото Ноланд.

Чипот на Neuralink е дизајниран да ја чита мозочната активност, да дешифрира какво движење има намера да направи личноста, а потоа да активира команда за извршување на таа акција. Арбо рече дека првично вежбал да се обидува да ја движи раката додека не станало интуитивно да се замисли како го движи курсорот.