Најновата едиција од творечкиот опус на Томе Даневски е именувана – „Соочување“. Уметничкиот пристап во оваа едиција е нагласено слоевит, и како таков кај љубителот на ликовната уметност развива нова актуелност и експлозивност во време на промени. Оттука, фокусот е насочен на енергетскиот колорит при дуалното соочување на унверзалната и теолошката енергија, оцртани преку променливоста и судирот на енергиите и појавата на животот.
Преку делата со религиска тематика всушност се потенцира значењето на човековата посветеност на Бог (од аспект на повеќе религии), моќта на молитвата и нивното остварување преку конкретна реализација во животот.
Сликите повикуваат на заедничко патување низ унерзалната енергија, креирани преку уметничкиот универзум а во исто време потсетуваќи не на религиската и уневерзалната енергија кои се соочуваат низ човековото битие. Патувањето паралелно го води „консументот“ низ состојба на соочување и спознавање за самиот себе и неговото единство со Бог и целиот универзум.