23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Младеновски: Социјалните мрежи имаат огромно влијание врз јавноста

„Јавното мислење ќе го поделам на две категории. Првата ќе биде релевантна јавност или јавно мислење како население. По теорија, вкупната популациона маса можеме да ја броиме како јавност или како сите граѓани.

Сегментот што го одбираме како примерок може да биде одредена релевантна група. Јавно мислење се пензионерите, средношколците…сите тие луѓе кои ги одбираме за истражжувањето за да ги прашаме за одредено мислење ни треба како јавност за одредено прашање“, изјави Славе Младеновски, социолог, во интервју за Слободен печат.

Тој додаде дека личностите или одредени групи можат да го креираат јавното мислење. Тука спаѓаат медиумите.