14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Каевски: Ковачки одбиен од НАТО, кадрите на Мицкоски се безбедносна опасност, против ЕУ и против НАТО

Интегрален текст од денешната прес конференција на Дарко Каевски, портпарол на СДСМ:

Кадрите на Мицкоски не ги исполнуваат критериумите на НАТО, тие се против НАТО и против ЕУ.

Пратеникот од ДПМНЕ и носител на изборната листа во третата изборна единица Драган Ковачки, бил одбиен од НАТО за добивање на безбедносен сертификат.

Како што објавија медиумите, Ковачки не ги исполнува стандардите за да добие НАТО безбедносен сертификат.

Што било клучно НАТО да го одбие Ковачки? Дали Ковачки оддавал воени или државни тајни? Дали бил шпион против државата?

За чии странски интереси одработува Ковачки?

За сите овие прашања треба да одговорат Мицкоски и ДПМНЕ.

Ова е уште една потврда дека со ДПМНЕ е можна само изолација, но и дека кадрите на Мицкоски се безбедносна опасност, тие се анти ЕУ и анти НАТО структури.

Драган Ковачки е дезертер од Армијата кој армискиот чин го смени за партиски, за да му служи на Мицкоски како пратеник.

Познат е по ширењето лаги и дезинформации во континуитет, но и како поддржувач на политиките на ДПМНЕ за изолација, против ЕУ и против НАТО.

Нема промена во ДПМНЕ со кадрите на Мицкоски не е можна промена на подобро туку само изолација, враќање назад и оддалечување од НАТО и ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Кога институциите молчеа, ние ја кренавме вистината за Кочани

ДЕСК

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

ДЕСК

Филипче од Виница: ВМРО-ДПМНЕ ја остави Виница без ниту еден проект, во долгови, смет и зголемени сметки

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.