22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Мицкоски сака да продолжи каде застана Груевски, ДПМНЕ не може да донесе промена

-Мицкоски сака да продолжи каде застана Груевски, велат од СДСМ.

„Граѓаните не забораваат како изгледаше кога менторот на Мицкоски, Груевски нѐ заглави и не донесе до дното.

Мицкоски, сака да продолжи таму каде што застана неговиот ментор, ќе продолжи да копа до ново дно, ќе нѐ закопа и ќе не заглави, само за своја лична цел.

За тоа говорат нивните носители на листи. Тоа кажува дека сакаат на голема врата да ги вратат поданиците на Никола Груевски.

ДПМНЕ не нуди никаков план за напредок во европските интеграции дури напротив, може да се слушнат нивни изјави дека и 100 години не треба да станеме, а можеби и никогаш.

ДПМНЕ не ги интересира иднината на државата и граѓаните.

Па има ли поголем доказ за тоа од целосното потфрлање на нивните градоначалници, кои ветуваа многу, а не реализираа ништо.

Ништо не е променето во ДПМНЕ, тоа е истата партија која не може да донесе никаква промена.“ – се вели во соопштението.