„Сметам и сигурен сум дека Пендаровски ќе ја добие поддршката од граѓаните, не само од СДСМ и нашите коалициони партнери, туку од сите граѓани без разлика на нивната етничка, политичка или било каква друга припадност и во првиот и во вториот круг. На тој начин, по 8 мај, Северна Македонија ќе има и проевроспки претседател, Стево Пендаровски и проевропска влада, која повторно ќе биде предводена од СДСМ и партнерите“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во утринската програма на Слободен печат.
Тој додаде дека Пендаровски ќе биде победничкиот кандидат не само за изборите, туку и за Северна Македонија, бидејќи е модерен и прогресивен политичар, кој застапува и традиционални, но и европски вредности.
„Тој работи Северна Македонија да стане членка на ЕУ и во текот на својот петгодишен мандат покажа дека е интегритетна и чесна личност, што работеше во интерес на државата и граѓаните и не ги дели граѓаните. Делуваше обединувачки и секој од него беше третиран на ист начин, без разлика на неговата индивидуална определба по било кој основ“ рече Ковачевски.