25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ДПМНЕ нема план, СДСМ е опција која носи надеж и европска иднина

Соопштение на СДСМ:

ДПМНЕ нема план за Европа, нема план за иднината и не може да донесе никаква суштинска промна.

Која е алтернативната визија на ДПМНЕ за Македонија, како ќе ја реализираат, не кажуваат, бидејќи немаат план за иднината.

Единствена цел и визија им е да дојдат на власт, а како ДПМНЕ ја практицира власта, се виде изминатите 2,5 години со хаосот во Скопје и нереализираните ветувања на градоначлниците од оваа партија ширум државата.

СДСМ има јасна визија за иднината на државата како европска. Борбата за европска македонска иднина продолжува, нема откажување.

СДСМ е опција коjа носи надеж, која обезбедува поголеми плати и пензии, подостоинствен живот и која носи сигурна европска иднина.

Граѓаните одлучуват дали Македонија ќе стане членка на ЕУ и ќе ги зголеми придобивките од членството во НАТО, или ќе заглави до недоглед во нова и тешка неизвесност што ќе донесе изолација, поделби и загрозување на иднината, на напредокот на земјата,

Народот не сака да стои во место, не сака повторно да биде заглавен и понижен. Не заборава како владееше ДПМНЕ на чело со Никола Груевски, менторот на Христијан Мицкоски.

Граѓаните знаат дека СДСМ е синоним за напредок и просперитет, а ДПМНЕ е синоним за безнадежност и стоење во место.