5. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Овие избори се важни за правецот по кој ќе оди државата-дел од ЕУ, ја имаме подршката од двете најсилни држави во светот САД и Германија

„Резолуцијата од Сенатот подржана од двете најголеми партии и од демократите кои се на власт и од републиканците кои се во опозиција, и резолуцијата на Бундестагот да не ја заборавиме, за реарфирмација на македонскиот јазик и идентитет, се знак дека најсилните држави во светот а тоа се САД и Германија, стојат цврсто позади нашата кауза, да станеме дел од ЕУ, како македонци кои говорат македонски јазик. Овие два чина ја побиваат тезата на опозицијата дека овие избори не се за нашата европска иднина. Сигналите кои ги добиваме од сите наши пријатели, дека не треба да се губи време и дека оваа година треба да биде максимално искористена. Овие избори се важни за текот по кој ќе оди државата.ВМРО-ДПМНЕ нема план,“ рече првиот вицепремиер за европски прашања и секретар за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ во емисијата Клик Плус на ТВ 21.

„Кој е планот на Силјановска и на ДПМНЕ? Знаат ли што ќе прават доколку добијат? Сигурен сум дека не смеат да соопштат она што им е вистинска намера, да ја блокираат долгорочно државата без желба да направат нешто. Затоа што сметаат дека тоа е непопуларно. Ние знаеме дека сме донеле тешки одлуки, кои не чинат многу,“ порача Маричиќ.

Тој посочи дека тешки одлуки се направиле за оваа држава исчекори напред. Како и дека прашањето за уставните измени нема да се тргне од нашата маса, и да се одлучи да се одложи за 5, 10 или 15 години тоа би било на штета на државата. Притоа се надоврза за спорот со името кој не беше решен со години.