26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Доаѓаат пари за пензионерите: Познат датумот за исплата на помошта, но и процентот на зголемувањето на пензиите од овој месец!

Како што претходно беше соопштено пензиите секој март и септември ќе добиваат покачување за одреден процент, а тоа за овој март изнесува 5 проценти. Следното покачување следува во септември.

На 22 март ќе биде исплатена и помошта за корисници на посебен додаток; корисници на правото на надоместок заради попреченост; самохрани родители, кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош и корисници на право на пензија во висина до 19.000 денари. Финансиската поддршка за корисниците опфатени со овој закон, изнесува 2.000 денари месечно за корисници на посебен додаток, корисници на правото на надоместок заради попреченост и самохрани родители кои се корисници на гарантирана минимална помош, за период од пет месеци, започнувајќи од месец декември 2023 година.

Финансиската поддршка за корисниците на право на пензија во висина до 19.000 денари, за период од пет месеци, започнувајќи од месец декември 2023 година, изнесува:

Нови пари ќе има и за пензионерите и тоа на 22 март и тоа 3.000 денари месечно за корисници на пензија кои оствариле доход по основ на пензија на
месечно ниво во висина не поголема од 14.000 денари во претходниот месец од месецот во кој се врши исплатата на финансиската поддршка; 2.000 денари месечно за корисници на пензија кои оствариле доход по основ на пензија на месечно ниво во висина од 14.001 денари до 16.000 денари во претходниот месец од месецот во кој се врши исплатата на финансиската поддршка и 1.500 денари месечно за корисници на пензија кои оствариле доход по основ на пензија на месечно ниво во висина од 16.001 денари до 19.000 денари во претходниот месец од месецот во кој се врши исплатата на финансиската поддршка.