„Очигледно изгледа за нерешлив ама сами си го правиме таков, јас навистина сметам дека, бугарската политика, имаше негатива позиција со она 45та и после 45та година, меѓутоа после дојде францускиот предлог кој сметам дека за Македонија понуди добро решение, а за бугарската политика излезно решение, а тоа е темата од само и само историја, да се префрли на малцинските права. Сметам дека Македонија во овие 30 години независност имала многу големи проблеми пред себе, решавала тешки задачи, и и се поставувале тешки обврски, а ова сега од сите тие проблеми што сме ги надминале за мене не е ни проблем. Незнам зошто некои структури во Македонија и политички и интелектуални и новинарски, прават проблем каде што го нема. Пак ќе кажам, навстина сметам влезот на бугарите, хрватите, евреите и др. заедници, не е никаков проблем и не гледам потреба по 2 години од францускиот предлог и она што пред нас се нуди, сметам дека е премногу непотребен луксуз за Македонија застане овде и да не оди по патот на ЕУ, “рече лидерот на ВМРО-Народна, Љубчо Георгевски, за уставните измени со кои бугарите би се внеле како малцинство во Уставот на Република Северна Македонија.