17. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Георгиевски: Најразлични претставници на Америка и ЕУ, јасно кажуваат дека ова е последниот услов за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ

„Според она кое ние сега го имаме со францускиот предлог главен проблем е бугарското малцинство. Ние слушаме изјави и од американскиот и најразлични претставници на ЕУ, кои јасно кажуваат дека ова е последниот услов. На нас по патот може секој да ни постави вето, не мора Бугарија, еве сега Бугарија не ја пуштаат во шенген, еднаш Холандија става вето, еднаш Австрија, и сите држави се соочуваат со тоа. На Унгарија и ги скратуваат парите, и на Полска исто така, патот кон ЕУ очигледно не е еднодимензионален,моѓе утре на Холандија или некоја друга земја нешто за екологијата да ни постави, никој не може да ни даде гаранција дека дека ние кога ќе почнеме нема да имаме пречки по тој пат,“ рече лидерот на ВМРО-Народна, Љубчо Георгиевски на Телевизија 24.