11. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Демири – ДиЏовани: УНИЦЕФ со поддршка за имунизација кај децата и зголемување на свесноста за придобивките од вакцинацијата

Министерот за здравство д-р Илир Демири денеска оствари прва официјална средба со претставничката на УНИЦЕФ во земјава, г-ѓа Патриција ДиЏовани на која што разговараа за заедничките активности за зголемување на ефикасноста и ефективноста на здравствените услуги.

Демири, ги информираше претставниците од УНИЦЕФ за моменталната состојба со епидемијата на голема кашлица во градот Скопје и за препораките што се донесени со цел сузбивање на епидемијата.

На средбата, беше искажана загриженоста во однос на нискиот опфат на вакцинација против голема кашлица, а исто така се дискутираше и за вакцинирањето со другите вакцини од Задолжителниот календар на имунизација. УНИЦЕФ ја изрази својата подготвеност да продолжи со поддршка за зајакнување на здравствениот систем и спроведување комуникациски активности за да се врати довербата во здравствениот систем и вакцините. Во тој контекст, значајно е и воведување на систем за управување со дезинформации и погрешни информации во врска со вакцините и процесот на вакцинација во Министерството за здравство.

Демири и ДиЏовани разговараа и за годишниот Планот за соработка за 2024-та година во делот на имплементација на Перинаталниот Мастер План, Педијатрискиот Мастер план, како и за другите компоненти од здравствениот систем, со фокус на мајки и деца.

Можеби ќе ве интересира

Денес се одбележува Денот на народното востание

C +

Од утре гужви на границите со новиот систем за влези и излез, ги објавуваме сите детали за што сè треба да се подготват патниците

C +

Разрешениот директор на Неврологија кој е снимен како “меша бело“ се извини и вели дека имал момент на слабост

C +
error: Соддржината е заштитена.