17. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Бочварски – Рустеми: Автопатската делница Катланово – Петровец ќе се заврши до крај на овој месец

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми, денеска извршија увид во рехабилитација на автопатската делница Петровец-Катланово.

Рехабилитацијата на оваа автопатска делница (левиот коловоз) е во завршна фаза. Претходно беше завршен десниот коловоз и истиот е пуштен во сообраќај под времен врежим. Должината е делницата е 10 километри а како дел од проектот е изградба и проширување со уште една коловозна лента. Според динамиката на градежните активности се очекува до крај на овој месец да биде завршена и оваа коловозна лента.

,Делница на автопатот која е во должина од околу 11 километри и во вредноста околу 10,5 милиони евра инвестиција која според известувањето на надзорниот орган до крајот на месецот би требало да е готова. Имајќи предвид она што го гледаме интензитет на работа, нема причина да не верувам дека ќе биде готово но останува одговорноста на изведувачите на работите и надзорот тоа да го спроведе спрема договореното”, истакна претседателот на Владата, Талат Џафери.

Министерот Бочварски потенцираше дека инвестирањето во квалитетна и модерна инфраструктура е влог за силна економија и носи бенефит за сите граѓани.

„ Во однос на овој проект, комплетната рехабилитација на левиот и десниот коловоз на автопатската делница Катланово – Петровец го завршуваме и многу набрзо граѓаните и сите оние туристи кои минуваат по оваа траса ќе возат по високо квалитетен автопат. Оваа пролет завршуваме и со рехабилитацијата на делницата Демир Капија – Неготино, со што Коридор 10 во полн капацитет ќе биде ставен во функција,
Особено сакам да истакнам дека Коридорот 10 ќе биде надграден и со Интелегентен транспортен систем, во прва фаза од Велес кон Гевгелија, а потоа и втора фаза од кон граничниот премин Табановце“, изјави министерот Бочварски.

Директорот Рустеми во своето обраќање истакна дека ЈП за државни патишта продолжува да работи со силна динамика на сите капитални проекти.

„ Десниот коловоз го проширивме со уште една лента и добивме комплетна автопатска делница по сите стандарди. Проширувањето го извршивме во внатрешниот зелен појас на автопатот, со што избегнавме дополнителна експропријација. Јавноста добро знае дека имаше проблеми со слаба реализација со претходниот изведувач и дека од тие причини моравме да го раскинеме договорот и да објавиме нов тендер за избор на изведувач, процес што ја успори реконструкцијата на делницата. На наше задоволство, новите изведувачи работат со забрзано темпо и веќе десниот коловоз е завршен. Во моментов, на него е пренасочен сообраќајот, а се работи забрзано и при крај се работите и на левиот коловоз. Јавното претпријатие за државни патишта продолжува со несмалено темпо да реализира повеќе проекти од патната инфраструктура во насока на безбедно и сигурно одвивање на сообраќајот, а квалитетните и современи патишта овозможуваат повеќе можности и услови за економски развој, комуникација, туризам и други важни придобивки за граѓаните”, изјави директорот на ЈП за државни патишта, Рустеми.