22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ преку Гордана Сиљановска најавува уставни промени?

Опозицијата ја менува реториката. Црвените линии на одречно одбивање промена на Устав под “Бугарски диктат“, сега се можност за дискусија со меѓународни експерти по Уставно право.

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Сиљановска- Давкова на изборната Конвенција на партијата ги најави овие “други ветрови“ на размислување и делување. Дали со ваквиот потег, опозицијата го подготвува членството да се соочи и да го прифати единствениот услов и пат кон ЕУ кој со години го отфрлаше и негираше или на маса ги “фрла“ картите и му се додворува на Западот и САД.

Очигледно, оговорноста за промена на ставот и новата политика која ја менувааат за лидерство за прифаќање на Уставните измени не му припадна на Христијан Мицкоски.

Честа и припадна на Сиљновска-Давкова, која на изборната конвенција вешто и перфидно зборуваше за Уставните промени кои неминовно треба да се случат, а во прв ред и аплаурираше токму лидерот и целото раководство на ВРМО-ДПМНЕ.

Таа во својот едночасовен говор, петнаесетина минути зборуваше токму за Уствавот, за негова повеќекратна интевренција и како тој може да се промени во консултација со врвни експерти и прфесори.

– Прво да состави еден експертски тим на врвни професори по Уставно право, не само од овде, ами и од странство, по примерот на Франција. Зошто? За да го проучи Уставот во однос на генерирањето на проблеми во уставниот поредок, со кои што се соочуваме, зошто тоа е единствениот пат“, рече Сиљановска- Давкова.

Кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ смета дека Уставни промени може да се направат ако напомош се повикаат и нејзини колеги професори од соседството.

– Во тие уставни измени, ние нешто мораме да направиме, на што повикува чуен професор од Лајпциг, мој колега, со босанско потекло, Един Шарќевиќ…Како Босна не добие устав во кој ќе се гарантираат покрај индивидуалните и колективните права, но ако не пишува дека граница за колективните се индивидуалните права, никогаш нема да биде правна држава, ниту европска држава. Колку да го имаме напамет“, додаде таа.

Но, Сиљановска-Давкова не застанува тука. Доколку стане Претседателка ќе бара ново отворање на Уставот и промена на Амандманот XXXI и укинување на цензусот. Односно во вториот круг да не постои прагот на излезност од 40 проценти.

Дополнително, претседателскиот кандидат ќе ги прошири и надлежностите на Уставниот суд, а ќе црпи искуства од европските земји во консултација со свои колеги од соседството. Бара и да се на Уставот кој предвидува
– Уставниот суд, таа уставна група мора да добие пошироки надлежности, уставните судии истакнатоста преку конкретизирање да ја оправдаат. Мора да гарантираме по примерот на Исланд или Словенија неотуѓивост на природните богатсва и водите. Мора да има можност за распуштање на Собранието, не само на самораспуташање под одредени околности.

-Треба да се отстрани прагот од 40 проценти во вториот круг, четирипати ни кажа Венецијанската комисија. Мора да се среди делот за мандаторот на нова Влада, бидејќи имаме проблеми. Областа на локалната самоуправа, воената и вонредната состојба, прецизирање на наделжностите на претседателот, особено помилсувањата и итн.“ рече претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Сиљановска-Давкова, на изборната Конвенција на пртијата.

Сите овие забелеши и барања на Силјановска Давкова неминовно бараат отварање на Уставот и негови промени а сетоа тоа професорката многу перфидно го најави и пред ВМРО-ДПМНЕ и официјано да ја промовираат за свој кандидат во изјавата на 22 февруари дадена пред Собранието на РСМ. Со целата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, Сиљановска најави дека ќе биде субверзивна/разорна во своето делување а целиот мандат ќе го окаректеризира потребата од големи и длабоки реформи.