25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Битиќи: Енергетската транзиција не може да се случи без приватни инвестиции, а сега прв пат се носат инвестиции на транспарентен начин

„Стратешките инвестиции се добри за државата. Енергетската транзиција не може да се случи без приватни инвестиции. Ова е токму тоа. Жалам што процесот на преговори траеше предолго за сите стратешки инвестции и времето на носење со поистоветува со предизборен период“ рече вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во „360 степени“ на МТВ.

Тој додаде дека ова е сосема нов начин на носење на инвестиции, на многу потранспаретен начин кој не е својствен за делокругот на функционирање на опозицијата.

„Законот за стратешки инвестиции е јасен. Секој поединечен проект се преговара во зависност од заштитата на интересот на двете страни. Доаѓа приватен инвеститор и бара, може да има високи барање, но државата кажува кој е јавниот интерес и како тој се осигурува. Но Законот не пропишува дека во собраниска процедура треба да бидат обзнаени и договорите. Јас инсистирав, заедно со тогашниот премиер Димитар Ковачевски договорите да бидат составен дел од законите, бидејќи не криеме ништо. Се е јавно и секоја јавна расправа е добредојдена“ рече Битиќи.