26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Панел дискусија за унапредување на положбата на жените Ромки, со цел унапредување и на социјалната правда и на демократијата

На денешната панел дискусија во Собранието, иницирана од Фондацијата „Ромите за демократија“ беа разменети искуства и мислења за напредокот на жените Ромки не само во општествената заедница, туку и во јавните институции и во политиката.

Учесниците посочија дека со иницијативата насловена како „Добро за жените Ромки добро за Собранието на Република Северна Макеоднија“, меѓу другото се обезбедува и гласност за рамноправност, инкузивност и јакнење на политичката волја за капацитетот на Ромките и нивниот придонес за напредокот во државата.

Заменик генералниот секретар Бојан Василевски, во своето обраќање, посочи дека ромската заедница е составен дел од нашето општество и дека дава придонес кон културното наследство, уметничкото изразување и колективноста на идентитетот. Но и дека, покрај целиот овој придонес, сепак, Ромките продолжуваат да се соочуваат со системски бариери. И затоа нагласи дека заложбата на закнодавниот дом е да се чуе гласот на сите кои живеат во државата.
„Сите ние заедно напредуваме и одиме напред во посветла иднина. Зајакнувањето на Ромките не е само прашање на социјална правда, тоа е пред се и стратешки императив за унапредување на нашата демократија и остварување на нашите заеднички аспирации за подобра иднина“, рече Василевски.

Селвије Мустафи Алкан од Фондацијата „Ромите за демократија“, посочи дека целта на денешната иницијтива е да се потсетат државните инситуции, за капацитетот на овие жени.

„Иницијативата „Добро за жените Ромки, добро за Собранието на Република Северна Македонија“ е и за Ромките, но и за Собранието, бидејќи претставува чекор понапред кон промовирање на еднаквоста и застапеноста во институциите. Верувам дека со ваквата можност во законодавниот дом, ќе се случи значајна пресвртница, бидејќи е стратешки чекор во прогресот на Северна Македонија на патот кон Европската Унија“, рече Мустафи Алкан.

Советничката за ромски прашања кај претседателот на државата, Фикрија Таир, направи ретроспектива на искуствата, предизвиците и можностите на Ромките во јавните институции. Таа посочи дека жената Ромка трпи повеќекратна дискриминација, родови бариери и дека се соочува со исклученост и во секојдневните општествени развојни текови и од заедницта на која припаѓа.
„Од суштинско значење е да ги рефлектираме можностите за нашето учество во одлучувачки дебати, како и подготвеносата и отвореноста на институциите за родовите прашање, за унапредување на положбата на ромките и нивното учество во политичките процеси“, рече Таир.

На панел дискусијата се обрати Ирене Кетоф од француската амбасада, која ја поздрави и ја поддржа иницијативата „Добро за жените Ромки добро за Собранието на Република Северна Макеоднија. Свои обраќања имаа и Арабела Илјаз, Мерсиха Сали Усеин и Менсур Халити.