Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Џафери- Јаќимовиќ: Блиски односи и соработка во функција на градење побезбедна и попросперитетна иднина за двете земји

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска оствари средба со амбасадорот на Босна и Херцеговина, Н.Е. Драган Јаќимовиќ.

На средбата беа потврдени блиските односи и севкупната развиена соработка меѓу двете земји. Воедно, беа разменети мислења за актуелните политички состојби во двете држави, при што премиерот Џафери го реафирмираше интересот на Северна Македонија за стабилност, развој и просперитет на Босна и Херцеговина, како и заеднички успех во процесот на европската интеграција на двете земји и на регионот во целина.

Амбасадорот Јаќимовиќ ја искористи можноста и да му честита за изборот за претседател на Владата на Џафери и воедно изрази надеж дека досегашната плодна соработка со него како претседател на Собранието, ќе продолжи со ист интензитет и во новата функција, а во насока на натамошно развивање на билатералните односи.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Сите нешто измислиле ама Мицкоски не сака да ја потпише Резолуцијата да нема мигранти

ДЕСК

Филипче: Власта брза со избори напролет за да го протне проектот мигранти за пари

ДЕСК

Филипче: ДПМНЕ е само подизведувач на политиките на Унгарија и Србија

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.