24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Претседателот Пендаровски ќе положи цвеќе и ќе се обрати по повод 81 годишнина од холокаустот на македонските Евреи

Претседателот Стево Пендаровски по повод одбележувањето на 81 годишнина од холокаустот на македонските Евреи, во 10:00 часот ќе положи свежо цвеќе пред споменикот на 7144 депортирани македонски Евреи, во дворот на поранешниот скопски Монопол.

Претседателот Пендаровски ќе присуствува и ќе се обрати на комеморативната вечер којашто во спомен на депортираните македонски Евреи ќе се одржи со почеток во 20:00 часот во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија.