15. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Заедно ќе успееме и ќе победиме – СДСМ се бори за она што го заслужуваме

СДСМ се бори за она што го заслужуваме, ние не се откажуваме од европската иднина. Нашата борба за Европа е борба за подобар животен стандард, за повисоки плати и пензии, силна економија, развиено земјоделство. И ќе успееме, и ќе победиме, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва во Струмица.

-Со ДПМНЕ ја спуштаме главата и прифаќаме дека никогаш нема да биде подобро, таа достижна цел за европска иднина им ја препуштаме на некои други. Се откажуваме од иднината. Со СДСМ продолжуваме да се бориме за она што го заслужуваме, не се откажуваме и на крајот победуваме. Тоа е разликата. Затоа, ве гледам сите вечерва и ви велам, нема откажување, одиме до крај, до победа, за Европска Македонија. Патот е трасиран, и нема враќање назад, рече Ковачевски.

Затоа што граѓаните заслужуваат европски животен стандард, просперитетна и развиена држава, во која функционира демократијата, владеењето на право, социјалната правда, рече Ковачевски.

Затоа и предложивме кандидат за претседател со прогресивни политики и европска визија кој заедно со Владата ќе турка напред до полноправно членство во ЕУ, додаде тој.

-На граѓаните не им треба претседател кој ќе ја кочи земјата. ДПМНЕ сака граѓаните да се откажат од нивната иднина. Само со глас за СДСМ и Стево Пендаровски на овие избори обезбедуваме сигурна европска иднина, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.